Луција направи р′шум- коловозите влажни, можни се одрони!

од Vladimir Zorba

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

Инаку вчера за помалку од половина час  невремето направи хаос. Реки од валкана вода по улиците, паднати покриви скршени дрвја, поплавени објекти меќу кои и спортската сала Борис Трајковски.

Граѓаните неадоволни затоа што поради невремето именувано Луција,  нема да добијат  одштета бидејќи според процедурите ветерот бил посилен од 70километри на час што значело дека се работи за невреме.

Попладнето беше мирно, со не толку интензивни врнежи .

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, собено во планинските регион на исток и на запад. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 20 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, собено во планинските регион на исток и на запад. 

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 30 степени.

До среда условите за нестабилност ќе се претежно во западните делови но ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Уте ќе биде малку посвежо а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст.Од четврток повторно ќе биде посвежо.

 

Слични содржини