Мадона ризикувала да биде уапсена поради симулација на мастурбација за време на настап

од Stefanija Kuzmanovska

Очигледно, подготовките за снимањето на биографскиот филм „Little Sparrow“ предизвикаа вистинска бура од спомени за поп-кралицата Мадона. Сценариото го напиша заедно со Дијабло Коди и Ерин Кресида Вилсон, а наводно сака самата да го режира филмот за нејзиниот живот. И додека се чека првиот дел од приказната во која кралицата на попот ќе ја глуми Џулија Гарнер, Мадона буди спомени на социјалните мрежи.

Таа се присети како речиси била уапсена поради симулација на мастурбација на нејзината турнеја „Blonde Ambition“ во 1990 година.

– Полицијата три пати ми се закани дека ќе ме уапси додека патував низ светот пеејќи ја „Like A Virgin“ за време на турнејата „Blonde Ambition“ – напиша таа покрај црно-белото видео од себе за време на настапот и додаде: – Ватикан ги откажа сите моите настапи во Рим! – се присети Мадона.

Таа рече дека за време на третата вечер од нејзиниот настап во Торонто, во „Sky Dome“, добила предупредување од локалната полиција дека ризикува апсење.

-Нема да го менувам моето еб**о шоу- им порачала на колегите.

Настапите и спотови на Мадона отсекогаш биле полни со еротика, сексуално провокативни и контроверзни, а на овој конкретен настап таа се фрлила на креветот и се допирала самата себе симулирајќи самозадоволување.

Слични содржини