Мадона заврши во болница, одложена турнејата

од Nikola Popovski

Поп-ѕвездата Мадона ја одложила својата турнеја, а поради здравствени проблеми била на одделение за интензивна нега во болница во САД.

„Во саботата, на 24 јуни, Мадона разви сериозна бактериска инфекција што доведе до повеќедневен престој на одделението за интензивна нега“, рече менаџерот на пејачката, Гај Осери, во изјавата, како што пренесува „SkyNews“.

„Нејзината состојба се подобрува, но се уште е под медицинска нега. Се очекува целосно закрепнување“, информирал менаџерот и додал:

„Во овој момент ќе мораме да ги паузираме сите обврски, што ја вклучува и турнејата. Ќе споделиме повеќе детали штом ги имаме, вклучително и нов датум за почеток на турнејата и презакажани настапи“.

Турнејата требаше да започне во Ванкувер на 15 јули, потоа да се продолжи со низа концерти во САД, од каде што Мадона требаше да се упати на настапи низ неколку европски градови.

Слични содржини