Македонија ја започнува новата 2018 година со старите проблеми. Многу високи концентрации на честичките ПМ 10 синоќа има на сите мерни места во Скопје и кај наплатната рампа Петровец, како и во Куманово, Тетово и во Кавадарци, покажуваат мерните станици.

Воздухот беше загаден и за време на новогодишната ноќ. Најлошо беше во Лисиче каде во 2 часот по полноќ беа измерени 548 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.
Од денеска започнува една од мерките на Град Скопје во борбата против загадувањето – забрана за достава на стоки во центарот на Скопје од 7:30 до 18 часот.
Решавање на проблемот со загадувањето е една од најголемите новогодишни желби на илјадници граѓани на Македонија.