Макрон им оддаде почит на тројцата полицајци кои беа убиени при спасување на жртва на семејно насилство

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги нарече херои полицајците кои беа нападнати во централна Франција кога интервенирале да спасат жртва на семејно насилство.

„Тие се наши херои“, изјави Макрон на Твитер и изрази солидарност со француската полиција по убиството на полицајците, пренесува Ројтерс.

Тројца полицајци беа убиени, а еден ранет во престрелка што се случила кога пристигнале во куќа во оддалечено село, одговарајќи на повик за семејно насилство врз жена, пренесоа полицијата и француските медиуми.

Мажот, кој е осомничен за нивното убиство, е пронајден мртов, објави на Твитер министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.

Слични содржини