Макрон погоден со јајце за време на посетата на саем во Лион (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Францускиот претседател Емануел Макрон бил погоден со јајце од незадоволен граѓанин за време на посетата на саемот во Лион.

Макрон го посетил традиционалниот Меѓународен саем за угостителство, хотели и храна, чија цел е да ја промовира француската гастрономија.

Францускиот претседател реагирал смирено откако бил погоден од јајцето, велејќи „Ако има нешто да ми каже, нека дојде“.

Човекот што фрлил кон Макрон бил уапсен кратко по инцидентот.

Тамошните медиуми информираа дека јајцето било тврдо варено, а Макрон изненадено погледнал во правец на човекот што фрлил, додека телохранителите брзо го опколиле. Во тие моменти, тој извикал „Да живее револуцијата!“.

Слични содржини