Малиот принц Џорџ откри за кого навивал во финалето на Вимблдон (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кралското семејство присуствуваше на финалето на Вимблдон и беше сведок на победата на Новак Ѓоковиќ, па војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон му подари на Србинот нов трофеј за неговата колекција.

Нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и малиот принц Џорџ, кој на крајот им го „украде шоуто“ на неговите родители, гледаше се од трибините. Тој побара од Ѓоковиќ да му го покаже трофејот на Вимблдон, а потоа не знаеше што да прави со него, додека интересно е што беше откриено дека момчето навива за српскиот ас во финалето.

Ова беше откриено во видеото пред финалето каде принцот Џорџ се поздравуваше со персоналот на Вимблдон, па еден господин го праша за кого навива – Ѓоковиќ или Кирјиос?

Момчето прво размислило, не можејќи веднаш да се сети на името, а потоа тивко со насмевка кажало: „Ѓоковиќ“.

Слични содржини