Малку поинаква тура: Лов на пластика по каналите на Амстердам

од desk2
83 прегледи

Инспирирани од кризата со зголемување пластичен отпад, групата „Пластичен кит“ (Plastic Whale) од Холандија покрена тури кои нудат помош во чистење канали во Амстердам и Ротердам.

Plastic Whale ја основа Мариус Смит во 2011 година. На идејата дошол на патувањето по Азија.

„Бев шокиран од количината пластичен отпад. Почувствував потреба нешто да направам“, вечи 45-годишниот претприемач.

https://instagram.com/p/BYxWyWxnjDD/?utm_source=ig_embed

„Кога се вратив во Амстердам и ја забележав пластиката во каналите, сфатив деке овој проблемни е поблизок отколку што мислиме“, вели тој.

Според проценките на компанијата Вотернет, секоја година од граските канали се вадат три и пол тони ѓубре.

https://instagram.com/p/BXNTjaXH2Sm/?utm_source=ig_embed

„Од тоа речиси 80 отсто плута на водата. Верував дека постојат милиони луѓе кои како мене сакаат да придонесат за отстранување на ѓубрето. И така основав фирма“, објаснува тој.

Покрај чистењето канели, кои и се плаќа, не с ечини како забавна идеја, и самото разгледување на атракциите не е цел, Смит вели дека турите се многу популарни. Затоа што се единствени на светот, а и затоа што од време на време наоѓаат нешто интересно.

Туристите до сега нашле многу паричници, пасоши, клучеви од автомобил, кои нивните пијани сопственици ги испуштиле, или крадците ги фрлиле.

Една туристка се исплашила кога за кукла помислила дека е тело, а еднаш нашле и писмо во шише, адресирано за Германија.

„Оваа тура има многу позитивно дејство и на децата – ја обожаваат. Еднаш кога ќе го извадат ѓубрето, сфаќаат дека не му е таму местото. А кога ќе има кажам дека од атаа пластика сме направиле брод, сфаќаат дека пластиката е материјал, а не само ѓубре. Затоа петина од турите ги орданизираат во соработка со училиштата“, вели Смит.

https://instagram.com/p/BaJScFSHOhY/?utm_source=ig_embed

Ако еден ден се случи да снема ѓубре, нема да има тури.

„Тоа не ме загрижува. Сакаме да останеме без работа.Тука сме да го решиме проблемот“, вели тој.