Малолетници упаднале на роденден во Радишани, кршеле автомобил и се заканувале дека ќе ги убијат домаќините

од Vladimir Zorba

Синоќа во 02.00 часот во ЕИК-Скопје, Т.Т. од населба Радишани-Скопје, пријавила дека вчера околу 22.15 часот додека прославувале роденденска забава на нивното дете во дворот од семејната куќа во Радишани, во еден момент пристигнала поголема група на малолетни лица при што истите започнале недолично да се однесуват, а потоа почнале и да пцујат и да се закануват по нејзиниот живот и животот на нејзиниот сопруг и истите се заканувале дека ќе ја запалат куќата.

Во еден момент неколку од малолетните лица се приближиле до нивното патничко моторно возило „Пежо 206“ и почнале да го удират со раце и нозе при што истото го оштетиле.

Трите малолетни лица цело време додека го кршеле нивното возило се заканувале дека ќе ги убијат и ќе им ја запалат куќата.

Од нивното агресивно однесување оштетените заедно со присутни што биле на роденденската прослава се повлекле во внатрешноста на дворот.

МВР превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини