Манчестер Јунајтед го доби третиот доктор на науки

од Aleksandar Petrovski

Маркус Рашфорд стана најмладиот доктор на науки во Велика Британија, иако почесен. Тој беше награден со почесен докторат од Универзитетот во Манчестер како награда за неговиот придонес во општеството кога се избори да им помогне на сиромашните деца.

Почесен докторат е универзитетска награда која се дава без обврска лицето да присуствува на предавања или да полага испити.

На тој начин Рашфорд бил награден за неговиот несебичен гест во кој се обидел да обезбеди оброци за деца кои се во лоша финансиска состојба и за време на празниците.

Така, тој стана трето лице од Манчестер Јунајтед кој беше награден со почесен докторат, бидејќи Сер Алекс Фергусон и Сер Боби Чарлтон го добија пред него.
– Кога ги гледам сите луѓе пред мене кои ја добија оваа награда, јас сум уште повеќе почестен. Ние не сме ни на половина пат низ нашата борба против сиромаштијата, особено со децата на кои им е потребна најголема помош, но за мене навистина многу ми значи дека градот ме награди на овој начин – искрен е Маркус Рашфорд.

Слични содржини