Манчевски: На нашите листи има одговорни граѓани, спремни да направат се за земјата

од Aleksandar Todeski
319 прегледи

Вечерва со генералниот секретар на Беса, Адријанит Хоџа, ги доставивме кандидатите на најголемата и најразнолика коалиција „Можеме“, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски при доставувањето на листите со кандидати за пратеници во Државната изборна комисија.

„На оваа листа се наоѓаат 120 имиња, одговорни граѓани кои ја сакаат својата земја и кои се спремни да напраат се за својата земја, да се вложат себеси со професионална работа во независен Парламент. Ова е најголемата коалиција моментално, составена од различни политички партии кои се обединети околу она што е важно за граѓаните и иднината на државата, како што се пред се членството во Европската Унија, економскиот раст, поголеми плати и пензии, правда и праведна држава, грижа за сите и здрава животна средина“, истакна Манчевски.

Тој посочи дека се тоа што посочил се столбовите околу кои се обединија различни партии од сите етнички заедници, а кои како што нагласи, носат побрз напредок и развој на земјата.

„Сите политички субјекти од оваа најголема и победничка коалиција ја препознаа потребата на граѓаните, а тоа е државата да продолжи државата по вистинскиот пат, затоа што сега, кога државата е на вистинскиот пат и станува членка на НАТО и следува почеток на преговорите со ЕУ, многу е важно силно да чекориме по тој пат. Важно е да продолжат реформите, да растат платите и пензиите, да расте економијата, инвестициите, да продолжат вложувањата во образованието, здравството, социјалата. Докажавме, а во новиот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро“, рече Манчевски.

Слични содржини