Мараја Кери доби тужба за еден од најголемите хитови – се бара отштета од 20 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Мараја Кери би можела да биде казнета со 20 милиони долари, бидејќи со нејзиниот хит од 1994 година „All I want for Christmas is you“, наводно ги прекршила авторските права.

Во тужбата што ја поднесе текстописецот Енди Стоун, покрај американската пејачка беше обвинет и коавторот на нејзиниот хит Волтер Афансиф.

Мараја Кери ја објави оваа песна во 1994 година како дел од нејзиниот албум „Merry Christmas“ и оттогаш се смета за еден од најголемите божиќни хитови.

Меѓутоа, во правните документи приложени до американскиот окружен суд во Луизијана, Стоун тврди дека тој бил коавтор на таа песна во 1989 година и дека никогаш не дал дозвола за нејзина употреба.

Во документите се наведува дека Кери и нејзините соработници „свесно и намерно учествувале во кампањата“ за кршење на авторските права на Стоун за песната. Се додава дека извршиле и „дела на неосновано богатење со неовластено присвојување на работата на тужителот“.

Стоун бара отштета од 20 милиони долари.

Албумот „Merry Christmas“ беше издаден од Columbia Records на први ноември 1994 година. Тоа е најпродаваниот американски божиќен албум на сите времиња, кој е продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот.

Слични содржини