Мараја Кери секоја година заработува богатство на една песна

од Stefanija Kuzmanovska

Редовно најслушаната новогодишна песна, неизбежна на сите празнични топ листи, единствената „All I Want For Christmas Is You“, од легендарната Мараја Кери, повторно ѝ донесе на пејачката цело богатство.

Снимено е во 1994 година, а Мараја Кери се здоби со глобална популарност и првото место на сите светски топ листи. Сето ова се повторува одново и одново секоја година околу Божиќ.

И покрај тоа што поминаа 26 години од објавувањето на оваа песна, „All I Want For Christmas Is You“ сè уште се врти на радиостаниците ширум светот.

The Mirror наведува дека пејачката секоја година заработува цело богатство на оваа песна, а само во текот на 2018 година заработила над шестстотини илјади фунти.

Слични содржини