Маричиќ: Владата нема да се спогодува со функционерите од минатата власт, обвинети од СЈО

од Берта Китинска
301 прегледи

Владата нема да се спогодува со функционерите од минатата власт, обвинети во постапки на поранешното Специјално јавно обвинителство, кои ја тужат државата пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур повикувајќи се на амнестијата на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Владата го задолжи владиниот агент во предвидениот рок да го извести судот во Стразбур дека Владата нема да ја користи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата. Проектот ’Вистината за Македонија‘ беше оној кој иницираше силни политички, општествени и правни промени во државата. Затоа е потребно граѓаните да имаат прилика и во правна смисла на зборот да ја дознаат вистина и сите кои сториле криминал или ги прекршиле законите да одговраат за тие дела“, изајви Маричиќ.

Според него, не треба да се прашува што ако државата го изгуби спорот во Стразбур, туку колку државата ќе изгуби ако не влезе во овој спор.

„Помилувањата на Иванов беа дадени спротивни на домашното право и како такви беа избор на правна несигурност и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните. Нивното поништување, пак, беше своевидно повторно воспоставување на нарушената правна рамнотежа. “, рече Маричиќ.

Слични содржини