Марин Ле Пен нападната од триесетина екстремисти (ВИДЕО)

од Milan1

Група екстремисти ја нападнале кандидатката за француски претседател, Марин Ле Пен, на Гвадалупе, додека таа учествувала во дебатна емисија.

Ле Пен, која е кандидатка на патриотската опозиција, преку видео врска учествувала во телевизиска дебата од Гвадалупе, каде што е во предизборна кампања.

Својот настап таа го имала во хотелот во кој престојувала, а во таа прилика дошло до сериозни немири, кога група од триесетина екстремни левичари ја прекинале емисијата извикувајќи ги зборовите „расист“ и „надвор“.

При нападот морал да реагира телохранителот на Марин Ле Пен, која брзо го напуштила импровизираното студио. Напаѓачите го турнале телохранителот и на претседателкста кандидатка и го одзеле микрофонот.

Емануел Макрон, кој директно учествуваше во истата емисија, изјави дека е шокиран од она што го видел и остро го осуди нападот.

Се грижам за демократската дебата. Се борам против политичките идеи на Марин Ле Пен, но со почит, порача Макрон.

Слични содржини