Марш на мирот во Скопје по повод сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница

од Nikola Popovski
181 прегледи

Денеска во Скопје се одбележува Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

По Комеморативната седница за одбележување на геноцидот во Сребреница која се одржа во Собранието на Република Северна Македонија во присуство на високи државни претставници, денес во паркот во Чаир во присуство на голем број граѓани беше положено свежо цвеќе на спомен обележје за жртвите на геноцидот „Цветот на Сребреница“, а попладнево се одржа и марш на мирот.

На маршот присуствуваше и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

-Со почит се сеќаваме на повеќе од 8.000 бошњачки мажи, момчиња и цивили убиени во Сребреница во мрачните јулски денови, 1995 година. Последиците од геноцидот во Сребреница се и ќе останат како горчлив спомен за човештвото. Соочувањето со минатото нека биде потсетување за сите нас, бидејќи денес, и 27 години потоа, не можеме да го земеме мирот здраво за готово. Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори!, објави Петровска.

Слични содржини