МАСАКР ВО ГРАДАЧАЦ: Ранетата жена во тешка состојба, лекарите се борат за нејзиниот живот, денеска протести

од Vladimir Zorba

Жената која вчера беше тешко ранета од Нермин Сулејмановиќ во Градачац се уште е во многу тешка состојба, а лекарите во Тузла се борат за нејзиниот живот. Во меѓувреме, поради масакрот кој беше објавен на Инстаграм и ја шокираше јавноста во регионот денеска во 12 часот, граѓаните на Градачац организираат мирен протест

„Пациентот се уште е на респиратор. Во текот на денот се планира дополнителна дијагностика од која зависат понатамошните чекори. Ситуацијата е сè уште тешка“, изјави портпаролот на болницата во Тузла, Елдар Шехиќ за Klix.ba.

Уште една жртва на Сулејмановиќ е хоспитализирана во болницата во Тузла. Станува збор за маж Н.П., кој вчера бил донесен во УКЦ со повреди на долните екстремитети, поради што е хоспитализиран на Клиниката за ортопедија и трауматологија. Неговата моментална состојба е стабилна.

Потсетуваме, Сулејмановиќ во петокот наутро во живо на Инстаграм го пренесуваше убиството на својата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ. Покрај неа, убил татко и син (23) кои добро ги познавал и ранил жена која е мајка и сопруга на убиениот. Во масовното пукање се ранети уште еден полицаец и еден граѓанин.

Во Градачац трае 3 дневна жалост.

Слични содржини