Маск го критикува планот на Бајден за брз интернет во Северна Каролина: „Одлуката е луда“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден најави инвестиција од 82 милиони долари во брз интернет во руралните делови на Северна Каролина, што наиде на критики од извршниот директор и основач на Tesla и SpaceX, Елон Маск, кој неодамна го загуби американскиот договор од речиси 900 милиони долари за давање интернет услуга преку Starlink, објави денеска „Форбс“.

Најавата на администрацијата на Бајден, исто така, предизвика критики од комесарот на Американската федерална комисија за комуникации, Брендан Кар, републиканец кој беше назначен кога Трамп беше претседател.

Тој рече дека новата инвестиција чини 5.125 долари по локација, во споредба со проценетите пониски трошоци од 1.377 долари по домаќинство што владата би ги потрошила доколку се обнови грантот на Фондот за дигитални можности за руралните средини на SpaceX.

Сепак, Starlink бара и скапа сателитска опрема која започнува од 599 долари и ќе бара надградба во иднина.

Зборувајќи за новата инвестиција на настанот минатиот петок, Бајден рече дека „оптичкиот кабел веќе се поставува во земја додека тој зборува“ и дека не бара дополнителни инвестиции во опремата која му е потребна на Starlink за работа.

Маск ја нарече одлуката на администрацијата на Бајден „луда“ и додаде дека можностите за пропусниот опсег на Starlink „ја надминуваат“ дефиницијата за широкопојасен интернет со голема брзина.

Вкупниот износ на субвенции што ги побара SpaceX во 2020 година по „кратката“ апликација за пристап до субвенциите на Фондот е 885.509.638,40 долари.

Првичната понуда на компанијата би донела брз интернет на 642.925 локации во 35 држави. Вака Кар ги процени трошоците на Starlink по домаќинство во домовите во Северна Каролина.

Слични содржини