Маск побара шефот на Дизни да биде „отпуштен веднаш“

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Милијардерот и бизнисмен Елон Маск изјави дека шефот на „Дизни“, Боб Ајгер треба да биде „отпуштен веднаш“ откако „Дизни“ престана да се рекламира на неговата платформа Х.

„Волт Дизни се врти во својот гроб поради тоа што Боб ѝ го направи на својата компанија“, навел Маск во низата објави против медиумскиот гигант.

Тоа доаѓа само една недела откако Маск на компаниите кои се приклучија на бојкотот на рекламирањето на неговата платформа им порача „да се е**т“.

Некои фирми го прекинаа рекламирањето на X поради изјавите на Маск во врска со антисемитизмот.

Слични содржини