Масовниот убиец од САД се уште е во бегство: Полицијата пронашла важен детал во неговиот дом

од Nikola Popovski

Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовното пукање што се случи вчера во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година.

Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка. Во моментов околу 350 полицајци трагаат по убиецот, пренесуваат странските медиуми.

Семејството зборувало за мотивот

Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист. Поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец. Пушката со која е извршен масакрот е легално купена.

Семејството на Роберт Кард изјави дека тој неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето од тие места зборуваат за него. Го повикаа да им се предаде на властите. Нападот го коментираше и американскиот претседател Џо Бајден, кој повика на забрана за јуришното оружје.

Во домот на убиецот е пронајдена порака

Вчера при претрес во домот на Роберт Кард била пронајдена порака, објави „NBC“.

Инспекторите и истражителите сè уште се обидуваат да го утврдат значењето на пораката и како таа потенцијално би можела да помогне во нивното пребарување, додава американскиот медиум. Не открија повеќе детали за пораката.

Слични содржини