Масовно напуштање на домашни миленици во САД по укинување на „локдаунот“

од Vladimir Zorba

Засолништата за кучиња низ Америка се соочуваат со огромен прилив на кучиња и мачки.

Домашните миленици кои беа посвоени на почетокот на пандемијата на коронавирус, сега се враќаат од страна на нивните сопственици, откако запре „заклучувањето“ и тие ќе се вратат во нормален живот.

„На почетокот на пандемијата имаше огромен пораст на бројот на луѓе кои сакаа да посвојат животно. Луѓето не работеа или работеа од дома и сметаа дека е вистинско време да посвојат куче. Сепак, во последните месеци видовме како голем број животни се враќаат во локалните засолништа“, вели Ешли Робертс од засолниште за кучиња за Би-Би-Си.

Таа ги објаснува и причините за ваквата состојба.

„Луѓето едноставно не размислуваат добро или не сфаќаат колкава е обврската да се грижат за животот на кучето или мачката. Тој стрес и неподготвеност стануваат преголеми и обично тоа е причината за враќање на миленичето “.

Робертс вели дека ова искуство е многу тешко за домашните миленици.

„Многу е тешко за животните. Тие брзо се навикнуваат на новата рутина, семејство и простор што го имаат. Промената е стресна и застрашувачка за нив, бидејќи тие гледаат како нивните луѓе заминуваат, добиваат нови каишки, одат во нов привремен дом“.

Неодамна, бројот на кученца кои пристигнуваат во прифатилиштето е зголемен.

„Бројот на животни кои доаѓаат во нашето засолниште и добиваат привремен дом е двојно поголем од јануари. Коронавирусот затвори многу несуштински бизниси, вклучително, за жал, клиники кои ги стерилизираат животните. Ова доведе до зголемување на бројот на кученца, особено во руралните области, што значи дека сега треба да најдеме уште повеќе домови за кученца“, заклучува Робертс.

Слични содржини