Маж ја тепал поранешната сопруга, полицијата го приведе

од Nikola Popovski

Нов случај на насилство врз жените во земјава. Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (15 октомври) во 17 часот и 25 минути го лишиле од слобода 34-годишниот Б.С. од тетовско село.

Тој претходно бил пријавен од неговата поранешна 26- годишна сопруга дека во домот физички ја нападнал.

-Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што на Б.С. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини