Маж со чекан удрил во скулптурата на влезот од седиштето на Би-Би-Си во Лондон

од Stefanija Kuzmanovska

Маж утрово удрил со чекан во контроверзната статуа над влезот на редакцијата на Би-Би-Си во Лондон во знак на протест, јавува британскиот јавен сервис, пренесува „Танјуг“.

И претходно имаше барања да се отстрани статуата на Ерик Џил „Просперо и Ариел“, бидејќи уметникот во својот дневник напишал дека сексуално ги злоставувал ќерките. Ова е втор пат уметничкото дело од 1930-тите да биде цел на напад.

Демонстрант минатата година ја удри статуата со чекан, а штетата се уште се санира и се подигнати скелиња. Овој пат, полицијата на градот Лондон соопшти дека рано утринава добила повик дека маж се качил на скелето и ја оштетил скулптурата.

Портпаролот на полицијата изјави дека „не било можно безбедно да се приведе мажот, со оглед на околностите на инцидентот, вклучувајќи ја и висината на која се наоѓал“, додавајќи дека на местото на настанот била повикана специјална екипа.

Утринава околу 8 часот бил забележан маж како се потпира од скелето со маска на Спајдермен и вика на полицаец.

Слични содржини