Мажите родени во овие хороскопски знаци се најдобрите љубовници

од Vladimir Zorba

Ако им се верува на астролозите, хороскопските знаци одредуваат многу работи во животот, дури и какви сте во кревет.

Креативни, страствени, посветени партнери – во овие четири хороскопски знаци се раѓаат најдобрите љубовници.

1. Вага

Мажите родени во знакот на Вага управуваат во сите области, барем кога станува збор за секс, од нежно водење љубов, до исполнување на најлудите фантазии на нивната партнерка, пишува порталот Herway.

За нив е многу важно и двајцата да уживаат во тоа, и тие честопати ќе се посветат на задоволството на партнерот повеќе отколку на своето.

Вагите се по природа креативни, а тие ја негуваат таа креативност и во спалната соба, така што со нив секогаш може да очекувате нешто ново и возбудливо.

Тие се многу трпеливи и никогаш нема да брзаат со партнерот затоа што знаат дека најдобрите работи во животот се случуваат спонтано.

Една од нивните најдобри особини е подготвеноста да живеат во моментот, така што за време на сексот нема ништо друго за нив што може да ги наруши моментите на интимност со партнерот.

2. Лав

Лавовите се однесуваат кон своите партнери како кралици и се концентрираат на нивното уживање.

Тие се грижат за тоа да ја импресионираат жената во кревет и таа со нетрпение да го очекува следниот состанок.

Тие сакаат да бидат најдобри во сè што прават, а сексот е високо на нивната приоритетна листа.

Ретко ќе наидете на човек роден во знакот на Лав кој е лош во кревет.

Лавовите се доминантни, страствени и посветени на сè што прават.

3. Шкорпија

Шкорпиите се најстрасните хороскопски знаци, како во животот, така и во креветот.

Тие не сакаат просечност, па затоа ќе му се посветат целосно на својот партнер. Тие имаат силно либидо и никогаш нема да пропуштат можност за секс.

По природа се лојални и знаат дека вежбањето прави совршенство, па затоа ќе настојуваат да научат да го направат својот партнер среќен, во кревет и надвор.

4. Бик

Биковите се нежни љубовници, и по сексот никогаш нема да го прескокнат галењето.

Тие не сакаат врски за една ноќ, но се стремат кон трајно партнерство и стабилност во љубовните врски.

Во сексот, тој ќе сподели сè со својата партнерка: тело, срце и душа и наместо да се концентрира на своето задоволство, тој секогаш ќе ги слуша нејзините желби и ќе се обиде да ги исполни најдобро што може.

Слични содржини