Мбапе ги повика Французите да гласаат на парламентарните избори

од Vladimir Zorba
2,6K прегледи

Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе денеска ги повика Французите да гласаат на претстојните парламентарни избори во Франција бидејќи, како што наведе, тоа е клучен момент за француската историја и дека младата генерација може да влијае на исходот на изборот со гласање.

Во пресрет на првиот натпревар на Франција на Европското првенство во Германија, Мбапе предупреди на „екстремности“ додека француската екстремна десница се обидува да ја преземе власта на претстојните парламентарни избори, без да именува ниту еден политичар или партија, пренесе АП.

„Ние сме генерација која може да направи разлика, гледаме дека крајностите тропаат на вратата на моќта и имаме можност да ја обликуваме иднината на нашата земја“, изјави Мбапе.

Слични содржини