432
Тамара, Атиџе, Самир, Љубо, Фејми, нашата медена екипа, зачекори на оскаровскиот црвен тепих. Цела Македонија со нетрпение го очекува моментот на прогласување на победниците во категориите Најдобар странски филм и најдобар документарен филм.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од екипата на „Медена земја“, а како и секогаш, Атиџе Муратова е во центарот на вниманието. Таа носи креација на Тања Кокев, која е инспирирана од традиционалните турски кафтани.
https://www.facebook.com/samir.ljuma/posts/10157665312745520
Македонската публика вечерва стиска палци за „медените“, а среќа им посака и дизајнерката Тања Кокев преку нејзиниот фејсбук-профил.
https://www.instagram.com/p/B8XINX1HVT5/?utm_source=ig_embed