Медиуми под истрага од СЈО

од desk2

СЈО чешла медиуми. Специјалното јавно обвинителство продолжува да ја истражува работата на медиумите. Се проверува финансиското работење, информира Алсат М. Претходно тим на истражители од СЈО го чешлаше и „МПМ“ кој ги издава трите дневни весници, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“.И денеска медиумските работници од овите три весници, штрајкуваа поради неподмирени плати. Наместо четири, од денеска штрајкуваат по шест часа дневно. Синдикалните претставици се пожалија дека добивале телефонски закани од менаџментот штрајкот да прекине, во спротивно новинарите добивале закани дека ќе бидат избркани од работа.

„Утре, 21 февруари 2017 година, ќе излезе 5.000-ттиот број на дневниот весник „Вест“. Жално е што редакцијата ќе го подготвува ова јубилејно издание од позиција на штрајк. Во претходните денови наместо разговор за решавање на проблемите, се засилија притисоците врз медиумските работници со телефонски јавувања и со закани со отпуштања и со казнувања“. – изјави Александра Спасевска, Претседател на синдикат на „Вест“./извор Алсат М

Слични содржини