Меџити на промоцијата на Развојната рамка на Црвениот крст на РСМ „Трансформација 28″

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити беше дел од настанот за промоција на развојна рамка на Црвен крст на Република Северна Македонија, Трансформација-28.

На овој настан беа прeзентирани заложбите за сеопфатни промени во 24 области од делокругот на работењето на Црвениот крст кои имаат за цел да се зајакнат капацитетите на Црвениот крст на РСМ, унапредување на партнерската соработка со разни чинители и развивање и воведување услуги и сервиси за подобрување на животот на населението во локалните заедници.

Темите се ”Градење здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици”,  како и Модалитети и можности за обезбедување на поефикасен одговор при итни состојби”.

Меџити во своето обраќање истакна дека обезбедувањето квалитетни услуги на итната медицинска помош во кризни и вонредни состојби е една од најважните стратегии за намалување на морбидитетот и морталитетот за време на кој било критичен настан.

-Тука е посебно важна соработката со Црвениот крст како наш партнер за брз одговор на здравствениот систем при управување со кризи и катастрофи.

Сакам да нагласам дека службите за итна медицинска помош и болниците го поседуваат неопходниот капацитет и инфраструктура за брз одговор на итните медицински потреби на населението и тие се првата инстанца за обезбедување тријажа на повредено лице при итни состојби. Изработени се и државни планови за одговор при кризна/вонредна состојба, потенцираше Меџити.

Тој исто така додаде дека во плановите се опфатени ресурсите и кадарот на јавните здравствени установи (здравствени домови, центри за јавно здравје, службите за итна медицинска помош, болници, клиники, како и сите релевантни чинители).

Инаку,во планот за подготовка на здравството за одговор при кризни состојби, како важен сегмент се вклучени грижата за мајки и новороденчиња, родово-базирано насилство и семејното планирање, а  посебно значајна улогата на мобилните гинеколошки амбуланти, кои обезбедуваат услуги за репродуктивно здравје при кризни состојби.

Слични содржини