Меџити побара Обвинителството да излезе со имињата на инволвираните во скандалот на Онкологија

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Фатмир Меџити побара Основното јавно обвинителство да ги објави имињата на сите инволвирани во скандалот на Клиниката за Онкологија.

-Крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме затоа што ова што денеска што го гледате, овој костум и оваа кравата ме задушуваат. Јас овде најубаво се чувствувам тука и имам емоции. Секогаш ми прилега белиот мантил и не претпочитувам да бидам политичар. Тука ќе бидам лекар и тоа ќе останам и заедно со моите колеги и вас, ќе ги подобриме работите, рече Меџити пред медиумите од Клиникатата за неврологија, по повод промоција на нова медицинска опрема и реновирани специјалистичко-консултативни амбуланти.

Обвинителството отвори предистражна постапка на Клиниката за онкологија по објавата на информациите дека вработени наводно „незаконски препродаваат лекови на пациенти“.

Слични содржини