Мекејн не верува дека има можност за војна на Балканот

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Една од причините за загриженост е руското влијание на Балканот.

Сенаторот на САД, Џон Мекејн, претседавач на Комисијата за вооружените сили во Горниот дом на парламентот на САД смета оти нема изгледи да избувне војна на Балканот, но дека некои области многу загрижуваат, поради што е потребно ангажирање од сите земји во регионот и од САД.

– Ќе кажам дека новиот претседател на Србија веднаш дојде овде откако беше избран и не можеме да заборавиме дека судирот кој во првите 50 години од минатиот век го изискуваше вниманието од целиот свет, започна токму тука. Тоа е аргумент за нас светот да го фокусира вниманието и поддршката за изградба на демократијата, која е нагласена во Дејтонскиот договор.

Не верувам дека ќе има војна, но сметам дека ова бара напори од сите земји во регионот, но и од други држави, вклучувајќи ги САД, да се ангажираат – истакна Меккејн денеска во Сараево.

Тој во главниот град на БиХ допатува од Белград, а денеска  ќе престојува во Подгорица. Претходно беше во Загреб и Љубљана. Меккејн рече дека една од причините за загриженост е руското влијание на Балканот./МЕТА