Мел Гибсон продава свој имот за повеќе од 17 милиони долари

од Vladimir Zorba

Актерот Мел Гибсон објави за продажба замок во Малибу на почетна цена од 17,5 милиони долари, опишувајќи го како “најневеројатното нешто со кое некогаш се соочил”.

На веб-сајтот на компанијата за недвижен имот, кој нуди имот за продажба, се нагласува дека станува збор за мала палата со пет спални, четири бањи, раскошна градина, куќа за гости, затворен базен и сопствена фитнес сала.

Претходно луксузната куќа била сопственост на ѕвездата од “Досиејата Х” Дејвид Духовни и тогашната сопруга Овие Леони. По разводот во 2014 година, Гибсон ја откупил за “скромни” 11,5 милиони долари.

За холивудската ѕвезда тоа е втората продажба на имот од почетокот на годината. Пред неколку месеци тој го продаде претходното љубовно гнезденце во Шерман Оукс, Калифорнија, кое го делеше со поранешната помлада девојка, пијанистката Оксана Григориева.

Тогаш тој зеде за него 2,1 милиони долари, иако неговата првична цена беше доста повисока.

Слични содржини