Менкиноски: Смешно е зошто Камчев не може да се брани од слобода, тој не планира да бега

од Nikola Popovski

„Одбраната на Камчев сака да ја информира јавноста дека денеска ќе поведе постапка за утврдување на незаконитост на докази, со цел остварување на уставно загарантираните права на слобода и безбедност, на ефикасна и делотворна одбрана. Сите докази се прибивани на незаконски начин, со кршење на слободата и правата, и не може да се користат, и врз нив не може да се заснова судската одлука за притвор на Камчев“, изјави на прес-конференција, адвокатот Тони Менкиноски.

Според него, доказот кој е информација на АНБ на РСМ од 14 март 2021 година и кој е доставен како доказ кон предлогот за изрекување на мерка притвор, и врз основа на кој се темели притворот, треба да биде исфрлен.

„Бараме овој доказ да биде прогласен како незаконит доказ. Време е во оваа држава да завршат изживувањето со луѓе преку местенки и злоупотреби“, вели Мекиноски.

Менкиновски вели дека Камчев ги има сите услови да се брани од слобода, а дека нема да бега, се доказ и неговите два пасоши кои се обезбедени.

„Дадовме гаранција за мерката притвор, да се брани од слобода. Се уште судот се нема произнесено, а што чека – не знаеме. Смешно е, двата пасоши му се обезбедени, имотот. Згора на тоа Камчев ги проширува капацитетите на болницата Систина, а не да размислува за бегање“, вели адвокатот.

Орце Камчев беше приведен на 14-ти март, на излез од неговата куќа, а полицијата го спровела апсењето пред да биде известено обвинителството. Причината била службена белешка на Агенцијата за национална безбедност дека реализирал средби со луѓе од странство кои биле таргет на агенцијата, кои според АНБ биле индиција за можно бегство во Бугарија.

Слични содржини