Mercedes-Benz го отвори првиот салон за продажба на исклучиво електрични автомобили

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Компанијата Mercedes-Benz го отвори првиот изложбен салон во кој се продаваат само електрични автомобили, но тој не се наоѓа во Германија.

Салонот на Mercedes EQ Yokohama се наоѓа во градот Јокохама во јапонската префектура Канагава, јужно од Токио. Објектот од 1.221 квадратен метар продава пет модели на Mercedes EQ, односно постоечки модели EQ вклучувајќи го и Mercedes EQS. Во салонот истовремено може да бидат изложени до седум возила, а можно е и пробно возење. Има и локација за испорака на возила, како и три CHAdeMO полначи и сервисна работилница.

Покрај станиците за полнење на електрични возила, салонот има и опрема V2H која ја покажува суштината на животниот стил со електричните автомобили. Во иднина ќе се постават соларни панели кои ќе овозможат салонот да се префрли на одржливи, природни и обновливи извори на енергија.

Во салонот се вработени и EQ експерти кои се на услуга на заинтересираните клиенти. Исто така, се нуди услугата MB Rent, за клиентите да можат да направат тест возење, но и да користат некој од моделите одреден временски период.

Mercedes-Benz има план целосно да се префрли на електрични возила до 2030 година. Постојните модели на Mercedes EQ се EQC, EQV, EQA, EQB, EQS, EQS SUV, EQE и EQE SUV, а доаѓаат моделите EQG и EQT.

Слични содржини