Меркел и Макрон: ЕУ да се подготви за следниот бран на коронавирус

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и четворица други членки на ЕУ испратија писмо до претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во кое се бара ЕУ да се подготви за следниот бран на пандемијата на коронавирус.

– Се надеваме дека ова писмо ќе послужи како инспирација за натамошните планови на европско ниво за тоа како да се обезбеди подготовка на ЕУ за идни пандемии – се наведува во писмото.

Во писмото се наведува и за хаотичниот одговор на пандемијата на вирусот, во кој загинаа 184.256 лица, што „покренало прашања“ за потребата Европската унија да се подготви за вакви катастрофи и се нагласува потребата за заеднички европски пристап, особено со оглед на можниот втор бран на инфекција со коронавирус. .

Слични содржини