Меркел оставила аманет до новиот канцелар да го продолжи „Берлинскиот процес“

од Nikola Popovski

Во делот на пораката од канцеларката Меркел, прво сакам да кажам дека ни беше задоволство да соработуваме со Германија за време на нејзиниот мандат, вели премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти.

Тој информира дека имале убава проштална средба во Тирана во канцеларката.

-Таа остави аманет кон новиот канцелар или канцеларка да го продолжи Берлинскиот процес од 2014 година, затоа што токму тој договор го смени целиот Западен Балкан. Така се изградени огромни инфраструктурни проекти и се унапредија капацититети на многу демократски институции во сите 6 земји од регионот. Берлинскиот процес е нешто незаменливо, додаде Заев во одговорот на новинарско прашање.

Слични содржини