Меркел побара овластувања за воведување блокади

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика пратениците да усвојат нови овластувања што ќе ѝ овозможат воведување блокади по повод епидемијата на коронавирусот и полициски час во областите со поголем број случаи.

Обраќајќи им се на пратениците во германскиот парламент, таа рече дека повеќето Германци поддржуваат построги мерки.

„Третиот бран на пандемијата цврсто ја притисна нашата земја“, рече Меркел, чиј говор го прекинаа пратениците на крајно десничарската Алтернатива за Германија, која се противи на мерките за затворање.

Меркел рече дека вработените во одделите за интензивна нега испраќаат еден повик за помош после друг.

„Кои сме ние да ги игнорираме нивните барања?“, праша Меркел.

Повеќе од 25.000 нови случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани денес во Германија.

Слични содржини