Меси го предупредил Чави да не потпишува со талент на ПСЖ

од Vladimir Zorba

Аргентинската суперѕвезда на Пари Сен Жермен, Лионел Меси го предупреди својот поранешен соиграч од Барселона и сегашен тренер на „блаугранас“, Чави Ернандез да не потпишува со талентираниот млад фудбалер Чави Симонс. 18-годишниот Симонс неодамна го пропушти решавачкиот пенал при испаѓањето на ПСЖ од Ница за Купот на Франција. Симонс е дете на Барселона, но ја напушти каталонската академија во 2019 година по примамливата понуда од ПСЖ.

Барселона не беше импресионирана од одлуката на Чави Симонс да си замине од „Камп Ноу“, каде го чекаше светла иднина. Неодамна се појави информација дека Каталонците може да се обидат да го вратат на лето, бидејќи тогаш му истекува договорот на тинејџерот со францускиот клуб. Според „Ел Национал“, Чави Ернандез го контактирал Меси и двајцата разговарале за идејата Барселона да го врати Симонс, а Аргентинецот не зборувал љубезно за младиот човек.

Чави и Меси се сретнаа на вечера по повод роденденот на тренерот, кој беше на 25 јануари, а Аргентинецот му порачал дека многу работи кои не им се допаднаа на Каталонците кај Симонс се уште се присутни. Според Меси, Симонс верува дека е подобар отколку што навистина е и сака да има прилично голема плата. Поради оваа причина, Меси смета дека не би било добра идеја Барса повторно да се обиде да потпише со младиот играч, иако тинејџерот наскоро ќе биде слободен агент.

Во исто време, според „Ел Конфеденсиал“, Меси му рекол на својот 42-годишен пријател дека неговото прилагодување кон новата држава и неговиот нов тим не е лесно. Меси не се чувствуваше доволно мотивиран во Париз, му недостасувале не само самиот клуб од Барселона, туку и градот и неговите пријатели таму.

Слични содржини