Мет Дејмон: Инвестирајте во вода

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Волкан Бозкир минатата недела рече дека недостатокот на безбедна вода за пиење за 2,2 милијарди луѓе ширум светот е „морален неуспех“, во строго предупредување пред Светскиот ден на водата,кој беше на распоред во понеделникот.

Во новото интервју за „Јаху Фајнс“, оскаровецот и човекот кој собира средства за инвестирање во вода, Мет Дејмон рече дека решението бара бран инвестиции во приватниот сектор за зајакнување на моделот за микрофинансирање, кој веќе обезбеди пристап до вода за десетици милиони и сигурен поврат за инвеститорите.

Тој ги повика големите инвеститори да помогнат во запирање на кризата со вода пред климатските промени да ја направат задачата уште потешка.

„Сè што се обидуваме да сториме е да го привлечеме вниманието на големите инвеститори да влезат во овој простор“, вели Дејмон, кој е ко-основач на непрофитната организација Water.org во 2009 година.

„Овде има толку многу скриени бисери – и овој модел навистина, навистина работи.

Water.org исплати 7,2 милиони заеми во вкупна вредност од 2,6 милијарди долари, што го подобри пристапот до вода за 33 милиони луѓе, според нивната веб-страница.

Од 2002 година, микрофинансирањето во светот драматично се зголеми. Таа година, 68 милиони позајмувачи имаа корист од вакви заеми; Во 2013 година, таа бројка се искачи на 211 милиони, се вели во извештајот објавен во 2015 година од страна на Microcredit Summit Campaign.

Слични содржини