Метју Меконахи ќе воведува ред во Тексас!

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Метју Меконахи (51) изјави дека сериозно размислува да се кандидира за гувернер на Тексас! Ѕвездата на филмовите „Волкот од Волстрит“, „Интерстелар“ и „Џентлмен“ на еден подкаст истакна дека е подготвен за ново поглавје во неговиот живот.

За време на разговорот со Ранија Манкариус, водителот на подкаст, Меконахи не криеше дека има политички амбиции.

– Сега кога ќе погледнам, размислувам каква е мојата улога како водач. Мислам дека имам многу што да им дадам на граѓаните. Дали имам политички аспирации е вистинското прашање. Навистина размислувам за тоа – рече актерот, кој работи и како професор на Универзитетот во Остин.

Ова не е првпат холивудската sвезда јавно да зборува за неговиот политички ангажман. Си-Ен-Ен објави дека тој во ноември 2020 година изјавил дека нема да се спротивстави на кандидатурата за гувернер на Тексас. Актуелниот гувернер, Грег Абот, се надева на реизбор во 2022 година.

– Мислам дека не е на мене да одлучам. Верувам дека граѓаните мора да изберат. Кога би се редифинирала целта на политиката, ќе бев далеку позаинтересиран да влезам во неа, вели тој.

Потоа ги критикуваше републиканците, кои ја негираа победата на Џо Бајден на минатогодишните избори.

– Секој има право да ја негира реалноста затоа што нивната страна има лажни вести. Колку што разбрав, тие се хранат со лажни вести. По ѓаволите, никој повеќе не знае во што да верува. Тие ја поставуваат последната линија на одбрана. Републиканците и демократите мора да соработуваат и да најдат компромис – заклучува актерот.
Меконахи е во брак со бразилската манекенка Камила Алвеш од 2006 година, со која има три деца.

Слични содржини