Метју Меконахи проговори за злоупотребата што ја доживеал: „Бев уценет“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Метју Меконахи неодамна ги објави своите мемоари под наслов „Зелени светла“ во кои презентираше многу непознати детали за себе.

Меѓу другото, тој откри дека неговиот татко починал за време на сексуален однос со мајка му, но и дека самиот бил жртва на сексуална злоупотреба.

„Бев уценет првиот пат кога водев љубов, на 15 години. Бев убеден дека ќе завршам во пеколот бидејќи тоа го направив пред брак“, напишал Меконахи во своите мемоари.

Тој откри и дека маж го нападнал кога имал само 18 години, додека тој лежел во несвест на седиште од комбе.

„Никогаш не сум се чувствувал како жртва. Имам многу докази дека светот се обединил за да ме направи среќен“, рекол Меконахи, а пренесува Variety.

Метју во емисијата со Хауард Стин признал дека осум години не разговарал со мајка си бидејќи без негово знаење комуницирала со новинарите.

„Не сме разговарале осум години“, рекол Метју и нагласил дека во неколку наврати се обидел да разговара со неа по телефон, но тоа било невозможно бидејќи таа била оптоварена со неговата слава“, истакна актерот.

„Зборував со неа и после неколку дена завршував во весник, и реков да не го кажува тоа, да остане меѓу нас, стана друга личност, но никој не е совршен, ѝ простив, не е нејзина вина. Морав да поставам некои граници и тоа траеше тие осум тешки години, а сега нашата врска е многу подобра“, заклучил Метју Меконахи.

Слични содржини