Метро под вода: Патници во Кина се заробени! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

По невообичаено обилните дождови, силни поплави ја погодија централна Кина и го потопија метрото во градот  Женгжу.

Храмот Шаолин, познат по учењето на воените вештини на будистичките монаси, беше сериозно оштетен во поплавите, пишува АП.

Засега нема извештаи за можни смртни случаи.

Повеќе од 10.000 жители на провинцијата Хенан се преместени во засолништа.

Кина доживува редовни поплави во текот на летните месеци, но растот на градовите и претворањето на земјоделското земјиште во предградијата ги зголемуваат трошоците по ваквите настани.

Слични содржини