MG 7 и официјално

од Vladimir Zorba

Откако веќе го претстави електричниот MG 4, брендот MG подготви уште еден нов модел.

Станува збор за MG 7, „фастбек“ од средна класа, кој ќе биде лансиран на кинескиот пазар наредната есен.

За почеток, MG 7 е изграден на платформа со погон на предните тркала, при што автомобилот е долг 4884 mm, широк 1889 mm, висок 1447 mm и има меѓуоскино растојание од 2778 mm.

Тркалата се од 18 до 20 инчи, во зависност од верзијата.

Дел од опремата, меѓу другото, се состои од панорамски покрив, дигитални инструменти од 10,25-инчни и 12,3-инчен екран на допир.

Под хаубата се наоѓа нов 2.0-литарски турбо бензински мотор со 261 КС и 405 Nm, поврзан со деветстепен автоматски менувач.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 6,5 секунди, максималната брзина е 230 km/h, додека просечната потрошувачка на гориво е 6,94 l на 100 km.

Исто така, се најавува и подостапна верзија на MG7, со 1,5-литарски турбо мотор од 188 КС и максимална брзина од 210 km/h.

Слични содржини