Мицкоски: Нашата желба е после 20 години ДУИ да помине четири години во опозиција

од Vladimir Zorba

Граѓаните одлучуваат каква ќе биде идната влада, но нашата желба е ДУИ после 20 години да помине четири години во опозиција, за да може да се реформира, реструктуира, да се освежи кадровски, за да може по четири години да настапи на избори, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“.

На прашањето дали верува дека албанската опозиција има капацитет да го порази ДУИ, тој смета дека обединета опозиција кај албанските политички партии има голем капацитет да ја победи ДУИ.

– Дали тоа ќе се случи не знам. Но, за жал, после оваа изјава тие ќе бидат предмет на кампања од ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ застанува до нив, зборува позитивно за нив, а не за ДУИ, и тоа може да биде прогласено за антиалбаски гест. Но, ова е антикриминален гест, ништо повеќе, рече Мицкоски.

Слични содржини