Михаилоски: Подмладоците на партиите не се знаменосци

од Nikola Popovski

Не сме само млади знаменосци во партиите, бидејќи тоа прашање сите треба да си го поставиме. Имаме што да понудиме и што да кажеме на јавноста. СДММ учествува во една третина од партијата, но не е доволно само учеството, ако не споделуваме мислења. Токму преку вакви дебати ќе ја побиеме темата дека ние младите служиме за знаменосци, туку за авангарда во партиите, вели Марко Михаилоски, претседател на подмладокот на СДСМ.

Михаилоски појаснува дека заедно со граѓанскиот сектор е донесен Законот за младинско учество и младински политики.

-Ние како млади политичари треба да внесеме нова енергија во партиите и не би сакал да се навраќам и да бараме виновници. Време нема. Младите се селат. Треба да се фокусираме за да најдеме решенија што ќе понудиме на младите за да останат во државата и да го подобриме нивниот стандард. Треба да вршиме позитивен притисок врз институциите, рече Михаилоски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини