МИЛИОНЕРОТ СО ТВИТ НАЈАВИ САМОУБИСТВО? Џон Мекафи пронајден мртов во затворската ќелија

од Stefanija Kuzmanovska

Џон Мекафи беше пронајден мртов во затворската ќелија во Барселона, само неколку дена пред да биде предаден на САД. Според официјалните информации, станува збор за самоубиство.

Адвокатот на Џон Мекафи, познат и како „татко на антивирусот“, рече дека се сомнева дека неговиот клиент би можел да изврши самоубиство.

Портпарол на каталонското Министерство за правда изјави дека најверојатно станува збор за самоубиство, но дека конечната причина ќе биде утврдена со обдукција. Според неа, затворот започнал и внатрешна истрага.

Адвокатот Хавиер Вилјалба рече дека Мекафи (75), кој ја започна првата комерцијална антивирусна програма во 1987 година, не покажал знаци дека може да изврши самоубиство, иако бил очаен бидејќи бил во затвор 9 месеци.

„Имав чести телефонски разговори со него. Во ниту еден момент тој не покажа нешто што би нè натерало да помислиме дека ова може да се случи“, изјави адвокатот за „Ројтерс“.

Според неговиот адвокат, тој чувствувал болка и гнев бидејќи „под никакви околности не било оправдано што останал во затвор“.

„Мекафи имал цимер во затворската ќелија, но тој бил сам за време на неговата смрт“, рекол извор од затворот.

Мекафи беше уапсен на 3 октомври минатата година на аеродромот во Барселона по неколку години криење од американските власти. Тој беше обвинет за затајување данок во Тенеси, и за измама со криптовалута во Њујорк.

Неколку дена по апсењето, тој објави на Твитер од затворот: „Сè е во ред. Да знаете дека ако се обесам, а лаЕпштајн, тоа нема да биде моја вина“.

До април Мекафи се жалеше дека има само ограничен контакт со луѓе.

Џефри Епштајн (66) беше американски милијардер и регистриран сексуален напаѓач, а според официјалните податоци, тој се самоубил во затворска ќелија во август 2019 година.

Слични содржини