Милошески: „Да се вратат концертите до крајот на јули, или ставам катанец“

од Берта Китинска

Авалон Продукција бара враќање на музичките концерти до крајот на јули.На официјалната страница на продукцијата, објавен е јавен апел, во кој пишува дека концертите се бизнис и двигател на туризмот и со тоа ќе се  заживее Охрид од крајот на јули, а Скопје од крај на август.

„Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами народот и ќе издржиме. Барем ние што нѐ мрзи да измислуваме по 123 трикови како да го изескивираме.
Страшно е и поради тоа е цела држава во паника што се има нула визија и минус нула реализација во тоа…
Што после него?Како да се чувствувам јас да речеме.Ние сме ги работеле во Белград:Iron Maiden, Amy Winehouse, Simply Red и барем уште 30 концерти.

Авалон го донесе Bob Dylan во Белград.И за прв пат… во градот во кој во 1970-те биле Miles Davis и Tina Turner… за прв пат ги донесе ZZ Top, Diana Krall итн…Сега читам – концертите се вратија таму, EXIT продава карти за августовското намалено издание, а нас никој ниту не прашал како сме, ниту има план и визија како би се вратиле во бизнисот да речеме, за некој месец и пол.Треба ли да ја преселам работата скроз таму?Изминативе три години ја преселив скроз овде.Еј… лани во Скопје беа: Sting, Lenny, Eros, Bryan Adams. Во една година!!! Треба ли да ја преселам сега скроз таму?

Концертите се бизнис, тие се двигател и на туризмот, Авалон има барем 100 надворешни субјекти кои живеат и дел од соработката со нас.Имаме како Авалон визија како да го заживее Охрид од крај на јули, Скопје од крај на август.
Овој пост е апел!После него следи катанец.Ама… само за Македониј“а – пишува Бобан Милошески од Авалон Продукција.

Слични содржини