Милошоски нема право на нотарска лиценца: Министерство за правда му ја одзеде

Министерството за правда му ја одзема нотарската лиценца на Антонио Милошоски, со образложение дека има пратеничка функција, па оттаму е разрешен од нотарската служба.

Министерството за правда веднаш по неговиот избор за пратеник во 2016. година и тогаш добиената лиценца, поднело барање за ставање во мирување на службата додека седи во парламентарниот состав.

Неговата функција тогаш била ставена во мирување, а сега истата продолжува откако тој доби нов мандат во Законодавниот дом.

Поконкретно, во меѓувреме, Собранието донесе нов Закон за нотаријат според кој не постојат одредби односно нема „мирување во службата“.

Слични содржини