Минчев: Охрабрувачки се изјавите на Петков дека бугарско-македонскиот проблем ќе се реши

од Берта Китинска

Има високи очекувања овојпат да се формира влада и за тоа постојат неколку причини. На прво место е тоа што партијата на Слави Трифунов Има таков народ која на првите избори беше победник, на овие избори го зазема 5-тото место, вели во Утрински брифинг разговаравме со Огњен Минчев, политиколог, предавач по политички науки на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.

–Новата победничка партија на чело со Кирил Петков и Асен Василев е партија која се води од народ со различни желби и тие имаат намера да се спогодат со другите, сакаат да склучат коалициски споразум со сите други партии за да формираат влада, сакаат еден балансиран модел на владеење од сите четири партии, посочи професорот Минчев.

Тој вели дека не очекува промена на бугарската позиција особено за кратко време.

-Очекувам основниот проблем на бугарската позиција да биде подобро дефиниран и формулиран. Мислам дека и новото мнозинство ќе се држи до бугарскиот консензус. Што се однесува до историја за да не бидеме толку нејасни и неразбрани, ставот во Бугарија е дека македонската државност како доктрина беше формира на антибугаркса основа, таа е титоистичка творба како резултат на конфронтацијата со Коминтерната. Оваа антибугарска политика можеби продолжува и денес и тоа е неприфатливо за Бугарија. Сето ова ќе биде ставено на масата за да се решава, а тука ќе се најдат и правата на Бугарите кои се граѓани на Северна Македонија. Сметам дека Петков и Василев се прагматици и тие прагматично ќе му пристапат на проблемот, посочи професорот Минчев.

Слични содржини