Министерката за финансии на Шпанија кандидат за нов шеф на ЕИБ

од Vladimir Zorba

Шпанската влада ја номинираше својата министерка за финансии Надија Калвино за кандидат за шеф на Европската инвестициска банка (ЕИБ), објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од шпанската влада.

„Таа има силни резултати и долгогодишно искуство во релевантни области за оваа позиција, како што се финансиите и буџетирањето, финансиската регулатива, економската политика, дигитализацијата, макроекономската анализа и прогнозирање, политиката на конкуренција и трговијата“, рече функционерот.

Калвино е министер за финансии на Шпанија од 2018 година, а претседава и со Меѓународниот монетарен и финансиски комитет во рамките на Меѓународниот монетарен фонд, а пред да стане член на одборот, таа беше висок менаџер на Европската комисија 12 години.

Слични содржини