Министерката за надворешни работи на Северна Кореја во посета на Москва

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Кремљ соопшти дека Русија ги развива односите со „партнерот“ Северна Кореја во сите области и дека ќе се движи врз основа на договорите постигнати меѓу нивните лидери кога тие се состанаа во рускиот центар за вселенско лансирање минатата година, пренесува „Ројтерс“.

Во септември, претседателот Владимир Путин му посака добредојде на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и вети дека ќе ѝ помогне на Северна Кореја да изгради сателити.

„Северна Кореја е нашиот најблизок сосед и партнер, со кој развиваме и имаме намера дополнително да развиваме партнерства во сите области“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додека севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи ја започна својата посета на Москва.

„Посетата е развој на договорите што беа постигнати на космодромот Восточни кога Ким го посети, врз основа на резултатите од преговорите што ги имаше со Путин. Дијалогот на сите нивоа ќе продолжи. Се радуваме на интензивните и плодни преговори“, рече тој.

Од почетокот на војната во Украина, Русија ги зајакна врските со Северна Кореја и други земји непријателски настроени кон САД, како што е Иран, што предизвика загриженост на Западот.

Соединетите Американски Држави и Украина овој месец ја обвинија Русија дека истрелала балистички ракети со краток дострел, испорачани од Северна Кореја кон Украина, што Русија одби да го потврди или негира.

Песков рече дека Русија се надева оти посетата на Путин на Северна Кореја, на покана на Ким, ќе се случи „во догледна иднина“, но рече дека сè уште не е договорен датум.

Слични содржини